471
Специјалната обвинителка Ленче Ристоска изрази уверување дека судот ќе донесе осудителна пресуда во предметот „Тврдина 2“ во кој обвинет е екс началникот на УБК, Горан Грујевски и шестмина вработени во Управата за уништување на докази поврзани со масовното прислушување.
-Комплетно убедени дека судот ќе донесе осудителна пресуда, бидејќи има уверливи докази за тоа – изјави Ристоска.
Денеска заврши главната расправа за овој случај откако специјалните јавни обвинители ги изложија доказите пред судот. Остануваат уште завршните зборови закажани за во понеделник, по што судот ќе треба да донесе пресуда.
Претходнот адвокатот на обвинетиот Љупчо Шврговски побара од судот на Грујевски да не му се суди во отсуство, но неговото барање беше одбиено.