Специјалната јавна обвинителка, Ленче Ристоска, смета дека државата треба да го легализира канабисот, но во исто времено и да се засили контролата врз опојните дроги. На дешената научната расправа за „Легализација на канабис во Македонија, да или не?“, Ристоска како панелист ги изнесе своите ставови за ова прашање.
-Република Македонија при услови на легализација, мора да воведе уште построга контрола од постоечката. Државата треба да го декриминализира канабисот, но истовремено и да ја зголеми контролата врз опојните дроги – рече таа.
Според неа не е оправдано канабисот да се дозволи за медицински цели, но не и за лична употреба.
Против легализација на марихуаната не е ниту судијата, Владимир Туфегџиќ. Тој зборуваше од аспект на искуството од пракса при справување и применување на законските регулативи кои се поврзани или кои произлегуваат од областа на (зло)употреба на канабисот, во рамките на Македонија и нејзините законски прописи.
Туфегчиќ истакна дека европскиот и светскиот тренд е таков, што тој не е против легализацијата на канабисот и дека употребата е одлука на секој поединец.
Расправата се одржа пред полна сала на Правниот факултет „Јустинијан први“ во организација на Здружението за канабис и зелени политики „БИЛКА“ – Скопје и Здружението на млади кривичари.
Фото: „БИЛКА“