Обвинителката Ленче Ристоска денеска во Врховниот суд го образложи барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на истрагата „Талир“. Ристовска истакна дека решението на кривичниот совет од Основниот суд Скопје 1 со кое е одбиено нивното барање за замрзнување на имотот на ВМРО -ДПМНЕ е незаконско.
Според неа, во корист на партијата е да се замрзне имот и да се стави забрана за понатамошно отуѓување. Потсети дека во декември 2016 тој е ставен под хипотека, па сега со замрзнување би се спречило и понатамошно предизвикување на поголема штета зошто овој имот е третиран како нелегално стекнат.
Таа ги отфрла обвинувањата на ВМРО -ДПМНЕ дека СЈО работи во полза на власта и тврди дека барањто за замрзнување на имотот е за привремено обезбедување на имотот на партијата со цел заштита од можно негово отуѓување. Врховниот суд во наредните денови треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето за заштита на законитоста поднесена од СЈО.
Ваквото барање е во рамки на случајот „Талир“ во кој СЈО се сомнева за перење на речиси пет милиони евра.