1.1K
Вокалистот на групата „Архангел“, Ристо Вртев, од синоќешниот концерт во Градски парк им порача на младите да не се иселуваат од Македонија. Откако бендот беше вратен на бис и ја изведе по втор пат песната „Милион долари“, Вртев го заврши концертот со порака:
-Или ќе ме убијат, или секако милион ќе се доволни. Македонија е богата земја и во ред е се. Останете овде. Не дозволете никој да ве избрка од дома. Никој да не ве избрка, најмалку силеџии и пробисвети – рече тој.
Вртев меѓу песните протнуваше кратки пораки. На крајот од една песна почна со интонирање на химната, но заврши со „Денес над Македонија се раѓа..“
Додека траеше настапот на „Архангел“, Левица протестираше во првите редови со анти-НАТО транспаренти.