Актерката Ирена Ристиќ, која завчера беше приведена поради наводна алкохолизирана состојба и однесена до „Бардовци“, вечерва се надоврза на објавата на нејзиниот адвокат дека ќе бараат одговорност.
-Што се однесува до малициозните коментари, сеирот, ситењето, паушалните дијагнози и анализи, шерлокхолмовските пориви, молкот, тука нема да ви се мешам. Секој сам си ја бира душевната храна. Мојот фокус останува на идејата, на борбата до крајната цел и конечно, на луѓето кои во мене гледаат светла точка, на луѓето кои ја немаат мојата “лудост”, на децата кои ми се радуваат и за кои сум пример, на сите оние кои ми веруваат и ме сакаат и чија поддршка ме држи на нозе деновиве. А да се проаѓа низ овој кафкијански лавиринт, ама уопште не е лесно. Пеколно е, напиша Ристиќ на својот Фејсбук профил.