808
Некогашниот македонски олимпиец, алпскиот скијач Антонио Ристевски, неколку дена е во Пекинг во улога на тренер на Дардан Дехари. За изненадување, од претседателот на Скијачката федерација, Огњан Циговски, добил порака во која го прашува зошто не доаѓа на работа.
Ристевски е револтиран од односот на претседателот на Федерацијата, бидејќи иако целата јавност знае дека тој е во Пекинг како дел од македонската репрезентација, Циговски го прашува зошто не се појавил на работа.