Ристески за реакциите на трговците: Одлуката е донесена и ќе се спроведува

by fokus

Заменик министерот за економија Марјан Ристески вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека новата мерка на Владата за ограничување на маржите на над 100 групи на производи и замрзнување на цени на основни прехрамбени продукти, ќе донесе намалување на цените до 10%.

Во однос на жестоките реакции на трговците, заменик министерот истакна дека одлуката е веќе донесена и истата ќе се спроведува.

„Реакциите гледаме дека се многу бурни од трговците и дистрибутерите меѓутоа јас не видов да, кога се дозволи тие самите продуцираат мерка како акција за намалување, да покажат општествена одговорност кон граѓаните. Не видовме такво однесување и по медиуми да си ја одбранат својата мерка“, вели Ристески.

Како што вели, преку 20 маркети им доставиле предлози за намалување на цените и сите биле различни.

„За такви намалувања не мора да чекаат одлука на Влада, можеа да го направат тоа самоиницијативно“, вели Ристески.

Поврзани новости