Ристески: Пресудата е неважечка и незаконска

by fokus

Откако медиумите објавија дека прилепскиот градоначалник Маријан Ристески е осуден на условна затворска казна од три месеци, поради несовесно работење во службата, со коментар се јави Ристески кој ја оценува пресудата како неважечка и незаконска.

-Основниот суд Прилеп без да спроведе постапка во која што би ги соочиле аргументите, го потврди налогот доставен од ОЈО Прилеп, иако истиот е аспурден и на него имаме изјавено приговор, така што одлуката на судот се смета како воопшто да не била донесена. Убеден сум дека по спроведувањето на постапката во судот ќе се докаже дека сум целосно во право. Штетата на општинската зграда ја предизвикаа други лица за време на шарената револуција, од кои треба да се бара одговорност. Јас како градоначалник на општина Прилеп имам обезбедено заштита насопственоста на општината, Во општината функционира служба за обезбедување на општинската зграда и има видео надзор за набљудување на околината на зградата, со што во целост го имам применето членот 50 ст1 т15 од Законот за локалната самоуправа, се вели во реакцијата на градоначалникот.

Во соопштението пишува и дека цел на овие слушувања е дискредитирање на неговата личност, но и да се стави дамка на работењето на општината и на спроведените проекти.

Градоначалникот Ристески е прогласен за виновен затоа што во периодот од 18.07.2015 година па до 06.10.2016 година како службено и одговорно лице во ЕЛС Општина Прилеп, со несовесното постапување во вршењето на своите овластувања и должности не обезбедил правилна и законита заштита на сопственоста на Општината, односно не ја осигурил од штети зградата на ЕЛС Општина Прилеп. Со тоа, градоначалникот Ристески на Општина Прилеп ѝ нанесол штета во износ од 238.750,00 денари, која настанала за време на одржаните протести од група граѓани во текот на месеците април, мај и јуни 2016 година, објави Публикум.

 

Поврзани новости