Долговите на голем број на граѓани се повеќе се натрупуваат со огромни камати, пенали и награди кои ги наплаќаат извршителите по што основниот долг кој бил минимален се зголемил за десетина пати, истакна Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации во интервју за Фактор.
Според него, секојдневно се слушаат се поголем број на трагични приказни за одземање на семејни пензии на сирачиња, за одземање на цела плата наместо една третина, лавиринт од долгови од кој нема никаков излез.
– Ние како Конфедерација на синдикални организации на Македонија(КСОМ) веќе подолг период наназад (неколку години) сме меѓу првите кои јавно го кренаа гласот против неправдата и грабежот кој го прават здружено одредени доверители,адвокати нотари, судии и извршители. Во периодот што следува ќе организираме собирање на потписи на плоштадите во поголемите општини во државата. Со оваа наша иницијатива сакаме да ги повикаме граѓаните масовно да ни се приклучат ,доколку наидеме на неразбирање на нашите барања не ја исклучуваме можноста од организирање на масовни протести. Оваа неправда, ова нефункционирање на системот, на државата не може и не смее да падне на товар на граѓанинот кој без никаква вина приморан е да плаќа нешто за што не е виновен – истакна Ристески.