Ристески: Ја признавам вината без закани, притисоци и уцени

by fokus

Поранешниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, Јордан Ристески, пред судот рече дека ја признава вината без закани, притисоци и уцени, за неговото учество во насилните протести во оваа Општина. Судската постапка во предметот на СЈО, познат во јавноста како шамарите во Општина Центар, продолжува утре кога ќе биде изречена и пресуда против Ристески.

„Ветувам дека веќе нема да го сторам делото“, рече тој во обраќањето пред судот.

Тој е втор обвинет во овој предмет, кој ја признава вината, откако истото го стори и советникот Томислав Лазаров, кој доби условна казна од шест години.

Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, рече дека Ристески е обвинет како еден од главните поттикнувачи на делото, но посочи дека на врвот по одговорност е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е првообвинет во предметот.

Олеснителни околности за Ристески се што претходно не е осудуван, а се покаја и за направеното дело. Тој стоеше сам пред судот откако адвокатот му го откажа полномошното поради, како што рече, неговите контрадикторни изјави.

Поврзани новости