Мерките за замрзнување на цените што ги воведе една друга политичка гарнитура предизвикуваат галопирачки од и ценовен шок за граѓаните, бидејќи трговците и производителите сакаат да надоместат се што изгубиле во периодот кога цените биле замрзнати, порача заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески на денешната партиска трибина на тема „Цените го јадат стандардот на граѓаните, има ли решение?“, чија главна тема беа цените на производите, односно како тие се одразуваат на стандардот на граѓаните и кои се можните решенија за оваа проблематика.
– Притоа ниту трговците, ниту производителите не биле санкционирани, напротив тие биле ад хок оставени на слободниот пазар поради што понатаму доаѓа до несразмерно растење на цените. Со започнувањето на владеењето на оваа власт, на чело со ВМРО-ДПМНЕ, ние имавме еден голем предизвик постепено да го смириме тој галопирачки од, бран кој следуваше од претходната власт и да дадеме еден добар импулс на едно благо да речам, покачување на цени и една нормална инфлација која на крајот од годината изнесуваше 3,5 отсто што е една од најниските инфлации во последниот период, констатира Ристески.
Според него, и тоа не е доволно и затоа, како што рече, Владата има нови мерки и одлуки кои се сосема поразлични од претходните, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.
– Во таа насока најпрво со „Есенската кошничка“ беше воведено ограничување на бруто профитната маржа со цел да не се прави штета на македонската економијата која понатаму индиректно влијае и на стандардот на граѓаните и на инфлацијата. Истовремено, со „Училишната кошничка“ пак, се ограничи оперативно профитната маржа што резултираше со одлични ефекти и стабилизирање на цените. Во тој период гледавме дека од месец септември кон месец октомври имавме и намалување на инфлацијата на рекордни, најниски 2,2 отсто што значи сме успеале во намерата, рече Ристески.
Појасни дека како пазарна економија и со оглед на тоа што голем дел од економските експерти реагирале дека не е секогаш добро мешањето на владата со одлуки и мерки во цените на пазарот, било одлучено да се оди со „Новогодишната кошничка“ и да му се даде шанса на бизнис секторот да ја оправда својата општествена одговорност.