Музичарот Ристе Ристески кој е единствениот македонски победник во регионалното музичко шоу ,,Ѕвездите на Гранд” ја промовираше новата песна ,,Неизлечиво”.
За истата е снимен и видео запис, кој премиерно се емитуваше на музичкиот канал Јутјуб. Ова е втора песна на Ристески, а на истата работеше тим во состав: Милан Раѓен (музика и аранжман), Дивна Миловановиќ (текст), Саша Радојевиќ – Жуле (тапан), Петар Трумбеташ (гитари и бузуки), Ељез Шабани (кларинет) и Ивана Селаков (пратечки вокали).
Видео записот е снимен во режија на филмска продукција Ројал Филмс, во луксузната вила Рококо во Белград. Ристе по потекло е од Охрид. Пред две години по победата на ,,Ѕвездите на Гранд” се врати во родниот крај и ја сними песната ,,Добро утро тајно”. Имаше настапи во локали низ земјава, а потоа се пресели во соседна Србија, каде продолжи да ја гради музичката кариера. Тој е ексклузивец на Гранд Продукција.
Вики Клинчарова