Музичарот Борис Цветановски, кој настапува под псевдонимот Ris Flower, ќе одржи концертна промоција на својот албум насловен ,,Flow”. Настанот ќе се одржи на 18-ти мај во клубот Станица 26, со почеток од 20 часот.
Покрај авторските композиции, меѓу кои познатите,,Flying to Berlin”, ,,Translucent”, ,,Light Of Your Soul” и многу други, на концертот ќе бидат промотивно изведени и кавер-хитот на Ris Flower– „Сите Мои Слики“ од „Ареа“ и официјалниот кавер на песната ,,Come Undone”, во соработка со продуцентската куќа на “Duran Duran”.
На сцената, ,,Ris Flower” ќе биде придружуван од својот бенд, а концертот ќе биде отворен со настап на познатиот поп пејач од Малта, ,,Dylan De Bono” заедно со гитаристот Кристијан Волчев, а како специјални гости публиката ќе има можност да го слушне и еден од најперспективните македонски рок бендови ,,Red 18”-информираат од организацијата на настанот.
Влезниците се пуштени во продажба по цена од 300 денари.
Ris Flower и стана познат на пошироката јавност кога беше еден од избраните натпреварувачи на домашниот избор за песна за Евровизија 2022. Пред околу седум години, кога настапуваше како Борис, го промовираше својот прв албум ,,Дождлив ден”, а промоцијата се случуваше во пивницата Стар град, каде тој сите песни од албумот ги изведе во живо.
Вики Клинчарова