784
Рики Мартин е обвинет од неговиот 21-годишен внук за инцест. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со казна затвор до 50 години.
На почетокот на месецов, на познатиот пејач му беше одредена забрана за приближување по обвинение за семејно насилство, но идентитетот на жртвата не е познат.
Неговиот брат, Ерик Мартин, тогаш ја идентификуваше жртвата како внук на пејачот, Денис Јадиел Санчез, објави шпанската новинска агенција „Марка“.
Рики Мартин е обвинет дека физички и психички го малтретирал Санчез за време на нивната седуммесечна врска, која завршила пред околу два месеци.
Адвокатот на Мартин ги нарече наводите за злоупотреба „целосно лажни и измислени“.
Судењето на Мартин е закажано за 21 јули во Порторико.