Рикер: Луѓето се фрустрирани и незадоволни од корупцијата

by fokus

Коментарите кои слушам дека ги дала амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер во писмото упатено до неколку институции на извршната и судската власт, се истите коментари што и јас ги давав кога бев амбасадор во Скопје пред 15 години, порача поранешниот американски помошник државен секретар и некогашен амбасадор во земјава Филип Рикер.

-Луѓето се фрустрирани и незадоволни од напредокот во однос на корупцијата. Овде не се работи за партии, ова е за одлуки на земјата во целина. Сите треба да кажат дека ќе го промениме ова. САД го поддржаа тоа, изјави Рикер во гостување во дневникот на ТВ Сител.

Тој додава дека САД инвестираат во реформските напори преку најразлични програми за да ги помогнат судските реформи, за што изминативе години вложиле нешто над 560 милиони долари.

Тоа е инвестиција и сакаме да видиме резултати од таа инвестиција. Користа од таа инвестиција би требало да биде за сите луѓе на Северна Македонија да може да се чувствуваат покомотно во својата работа. Ние имаме вакви дебати во САД, имаат и другите земји, но вие сите заедно мора да направите напор за да видите промени и поинаков пристап, истакна Рикер.

Поврзани новости