695
Џејн Хартли ќе биде новата амбасадорка на САД во Обединетото Кралство.
Хартли, која е поранешна американска амбасадорка во Франција, е избор на претседателот Џо Бајден и наскоро се очекува тоа и официјално да биде соопштено.
Изборот на Хартли следува откако неколкумина потенцијални кандидати го одбиле амбасадорското место во Лондон.
Таа е позната во политичките кругови како личност инволвирана во кампањите на поранешниот претседател Барак Обама.
Пред неколку дена, беше соопштено дека в.д. помошник-државниот секретар, Филип Рикер, кој од 2008 до 2011 беше амбасадор на САД во земјава, е назначен за привремен амбасадор во Обединетото Кралство, но неговиот престој на оваа позиција ќе биде краткотраен.