635
Републичката изборна комисија на Србија (РИК) вечерва не ја соопшти прелиминарната излезност на претседателските и предвремените парламентарни избори во Србија, на последната планирана прес-конференција одржана во собраниската зграда.
Од РИК вечерва соопштија дека првите прелиминарни резултати од изборите ќе бидат објавени дури утре. Ваквата одлука е невообичаена, имајќи предвид дека во 2020 година првите резултати беа објавени во 23 часот.
„Повеќето избирачки места се затворени. На гласачите им е дозволено да гласаат по 20 часот. Почнувајќи од овој изборен циклус, РИК дозволи следење на изборите на екраните, кои ќе бидат достапни за граѓаните“, соопшти РИК.