Ријана го очекува раѓањето на своето прво дете

by fokus

Глобалната музичка ѕвезда Ријана (33) е бремена, откриваат светските медиуми. Таа го очекува своето прво дете со момчето A$AP Rocky, раперот со кого е во врска повеќе од една година, а пред тоа соработуваа за време на нејзините турнеји.

Парот бил забележан на прошетка од страна на репортерите на ,,The Sun” а на објавените фотографи се гледа трудничкиот стомак на пејачката.

За бременоста за Ријана се шпекулираше долг период. Уште во ноември минатата година, кога таа започна да се појавува во широка облека, започнаа гласините за бременоста, кои таа одби да ги коментира.

Но, и во минатото, често се случуваше да се објават шпекулации за наводна бременост на убавицата од Барбадос.

Пред пет години, кога пејачката се појави во јавност со десеттина килограми повеќе, од нејзиниот тим дури излегоа со соопштение дека се работи за зголемена килажа, а не за бременост.

Вики Клинчарова

Поврзани новости