Европарламентарецот Ричард Ховит вечерва објави фотографија на својот профил на Твитер на која се гледа како тој, заедно со лидерот на Партијата на европските социјалисти, има средба со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
-На министерката за внатрешни работи ѝ реков дека Партијата на европските социјалисти е длабоко загрижена поради закани за апсење на лидерот (Зоран Заев) на нивната сестринска партија.
I tell fYR #Macedonia Interior Minister @TheProgressives gravely concerned over threat to arrest sister party leader. pic.twitter.com/vb3uZsYU7A
— Richard Howitt MEP (@richardhowitt) February 26, 2015
Ховит вчера допатува во Македонија заедно со лидерот на европските социјалисти, Сергеј Станишев, за да оствари средба со раководството на СДСМ.