719
Претседателот на САД Доналд Трамп го именуваше Ричард Гренел, актуелниот американски амбасадор во Германија, за специјален претседателски претставник за преговорите меѓу Белград и Приштина, соопшти Белата куќа.
Гренел за функцијата мора да го потврди Сенатот. Според „Вашингтон тајмс“, Гренел би требало истовремено да ги извршува двете функции.
Ричард Гренел е амбасадор на САД во Германија од 8 мај 2018 година. Тој често беше мета на критики кај германската јавноста бидејќи се мешаше во внатрешните работи на земјата. Во Германија Гренел е познато како провокатор, хушкач, и продолжена рака на Трамп. Затоа Германските Либерали (ФДП) годинава побараа да се прогласи за „персона нон грата“.