„Рибља чорба“ со предновогодишен концерт во Скопје

by Fokus

Популарниот рок бенд „Рибља чорба“ ќе одржи предновогодишен концерт во Скопје, во Арена „Борис Трајковски“. Настанот ќе се случи на 16-ти декември, а влезниците се веќе пуштени во продажба.

Музички гостин на концертот на Бора и „Рибља чорба“ ќе биде хрватскиот бенд „Атомско склониште“.

– И после толку време, гитарите звучат исто, а песните останаа запаметени. Долг е патот позади нив, пат со многу победи и порази, но и покрај се `Рибља чорба` успеаја да ја зачуваат својата автентичност. Отсекогаш претставуваа единствен спој на енергии, слобода и добра музика од кои произлегоа песни кои се за сечие време – велат од организацијата на настанот.

Голем број на регионални музичари ги најавија своите предновогодишни концерти во Скопје, па така покрај Бора и „Чорба“, во декември ќе се одржат концерти и на Бајага, Ацо Пејовиќ, Харис Џиновиќ, Дино Мерлин, Теа Таировиќ и други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости