837
Со концерт на 27-ми јуни на платото пред А1 Арена во Скопје, по подолга пауза се отвора концертната сезона. Од Авалон Продукција го најавија настанот кој е всушност и прв концерт во 2021 година во земјава, по девет месеци од последниот концерт во склоп на продукцијата, на Бајага и Инструктори, кој се одржа во Скопје лани, во септември.
-Драго ми е што во Скопје ја отвораме концертната сезона. Секогаш се радувавме на настапите во Македонија, затоа што Македонците знаат да го ценат добриот рок, имаат слух и пеат како славеи –порача Бора Ѓорѓевиќ од бендот.
Детали околу влезниците за концертот ќе бидат објавени денес, во 21 часот.
Вики Клинчарова