„Резултатите од пописот се брука“, вели претседателот на Партија на Македонците во Србија

by fokus

Претседателот на Партија на Македонците во Србија, Горан Илијевски не е задоволен од податоците изнесени за пописот во Македонија.

„Слушнавме за резултатите од пописот. Во сегментот дијаспора се противречи со резултатите во државните статистики на другите држави каде не има 30 пати повеќе во нивниот попис, отколку во статистика на Македонија. Брука, нема оправдување. Бараме одговори од ДИК. Зошто не се преземени податоци од пописот во другите држави каде сме попишани како Македонци. Која државна стратегија ќе се прави со вакви неточни резултати со дијаспората? Самопопишување не даде ни близу реалната слика, не се знаеше за самопописот, не сме информирани, амбасадите дури не не известуваа бидејќи ништо не работат. Конкретно за Србија се самопопишани околу 800, а по пописот во Србија не имало 22755 во 2011 година, а околу 45000 попишани Македонци во 2002 година. Како со само 800 Македонци во Србија имаме македонска партија со 1150 основачи и повеќе од 5000 членови и учествуваме во парламентални избори? Ова се нерелевантни податоци и не е јасно зошто ваков однос кон Македонците во дијаспората. Не правете лажна демократска слика преку дијаспората“, реагира Илијевски.

 

Поврзани новости