Резултатите од изборите ќе бидат објавени половина час по гласањето

by Fokus

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски, ги повика сите учесници на изборите да обезбедат фер и демократски изборен процес, со почитување на Уставот и законите.

Во интервју за МИА тој вели бројката на запишани избирачи во избирачкиот список е реална и оти секој кој има државјанство, а е постар од 18 години мора да биде на тој список.

Дерковски најавува  дека првичните неофицијални резултати од самите избирачки места ќе бидат објавувани побрзо преку сликање на записниците, кои потоа со заштитени кодови ќе бидат испратени до Комисијата.

„Воведуваме побрз трансфер на резултатот од самите избирачки места користејќи ги новите технологии, сè со цел и да превенираме одредени несакани последици во транспортот на гласачкиот материјал до Општинската изборна комисија, меѓутоа и да ја надминеме постојаната забелешка до ДИК дека многу бавно ги објавуваме резултатите.

Гласачки места кои имаат 50 гласачи на избирачкиот список веќе некаде 7:15 и 7:20  вечерта ќе може да испратат слика од записникот бр. 16 А за сумирање и утврдување на резултатот до ДИК и ние веднаш ќе можеме да го имаме тој резултат на екран преку нашиот систем. Нашите оператори ќе ги внесуваат. Како стигаат така ќе ги гледате сите вие, јавноста ќе ги гледа и на тој начин тие како првични неофицијални резултати ќе можат граѓаните да ги видат и да го следат целиот процес навремено“ рече Дерковски.

Тој верува дека цензусот во вториот круг ќе биде исполнет и ќе биде избран претседател. На овие избори олеснето е гласањето за лицата со попреченост, што беше најчеста забелешка во извештаите од ОБСЕ и ОДИХР преку  монтажни елементи за рампи кои по завршувањето на гласањето ќе можат да се соберат. Ќе се гласа и во два старски дома во Скопје.

 

Поврзани новости