Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, вели Османи

by Fokus

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, изјави министерот надворешни работи Бујар Османи во интервју за бТВ во пресрет на денешната официјална посета на владиниот тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски на Софија каде утре ќе се одржи заедничка седница на владите на двете земји.

Османи, во интервјуто оценува дека е одлична порака што на првиот работен ден на новата македонска Влада првата посета ја оствари бугарскиот премиер Кирил Петков, бидејќи тоа носи и симболика и суштина.

– Симболиката е дека ние сме најблиски соседи, но суштината е дека во позитивна, конструктивна атмосфера, во атмосфера на лична доверба, создадена е платформа за продолжување на разговорите, објасни Османи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, во односите меѓу Софија и Скопје се очекуваат резултати и од двете страни.

– Патната врска меѓу Скопје и Софија не може да биде обврска само на Северна Македонија, рече Османи, додавајќи дека нашата обврска е до Крива Паланка и дека граничниот премин Клепало од македонска страна е завршен, а се очекува бугарската страна да го заврши својот дел.

Поврзани новости