Резников апелира до ЕУ: Дајте ни милион гранати да се браниме од Русија!

by Fokus

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников денеска апелираше до своите колеги од Европската унија да го поддржат планот за купување милион артилериски гранати, што ќе и помогне на Украина да се одбрани од руски напад.

Зборувајќи со новинарите пред министерскиот состанок во Стокхолм, Резников рече дека на Украина итно и требаат гранати за да се одбрани од руските сили и да започне контранапад, пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека го поддржува предлогот на Естонија до земјите од ЕУ заеднички да се соберат пари за набавка на гранати од 155 милиметри за Украина оваа година, што ќе чини вкупно 4 милијарди евра, пренесе Танјуг.

Поврзани новости