Проектот за изградба на 145 спортски сали којшто наголемо се промовираше во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, уште не е завршен и по повеќе од десет години досега се изградени 76 сали, констатираат ревизорите во последниот извештај.
Бидејќи биле реализирани само нецели 52 отсто од проектот поради како што велат ревизорите, енормно пролонгираниот рок на изведување, очекуваните ефекти не можеле да се потврдат. Но, освен пролонгирањето констатирани се низа непривилности, склучување на анекси на договорите, а Министерството за образование не спроведувало контрола во увидот.
-Со ревизијата се констатира дека за наведената состојба постојат повеќе причини, почнувајќи од недоволно подготвениот економски оператор како изведувач во реализација на проектот, со недоволно ангажирани човечки и технички капацитети, нецелосна поддршка од Министерството за финансии при одобрување на планирани и проектирани средства, недоследности во изведбата потврдени од надзорот. Со економскиот оператори склучени се пет Анекси кон основниот договор со кои се пролонгирани роковите за изведба, а со Анкес 2 овозможено е намалување на финансискиот товар на економскиот оператори преку намалување на вредноста на банкарската гаранција. Активностите на проектот и одговорностите на сите учесници во проектот се уредени со Договори регулирање на меѓусебните односи при изградба на училипните спортски сали меѓу МОН, општините и училиштата. Министерството за образование и наука не врши контрола на спореведувањето на одредби од договорите поради што немаат увид во законското и намеснското користење на изведените градби. Координатитвното тело задолжено да ја следи реализацијата на прокетот не функционира, се вели во ревизорскиот извештај.
Ф.Ф.С.