Вчера во хотел Сириус во Струмица се одржа ревијата која веќе станува традиционална, ,,Убави сме, свои сме”, каде лица со попреченост, односно како што е мотото на настанот, лица со поинаквни способности, чекорат на модната писта во улога на модели.
Покрај нив, на пистата продефилираа голем број на јавни личности од светот на уметноста, политиката, здравството, со цел да ја покажат својата поддршка, но и да ја пренесат пораката дека секоја различност има своја убавина.
Настанот годинава се одржа по петти пат, а е во организација на Здружение за помош и поддршка на лица со даунов синдром Вера од Струмица.
Претседател на здружението е Анче Туфекчиева, мајка на девојче со даунов синдром, која во повеќе наврати потенцира дека Струмица е една од ретките општини каде лицата со попреченост се прифатени од средината и максимално се работи на нивна инклузија.
Вики Клинчарова