5
На 31 годишна возраст, поранешниот член на групата „One Direction” е пронајден мртов по пад од тераса на хотелската соба во Буенос Аирес, Аргентина.
Меѓутоа, на настанот му претходел и повик кон службите за помош.
Имено, рецепционерот на хотелот повикал 911 поради загрижувачките звуци на кршење што се слушале од собата на Лијам Пејн.
Пејн, кој бил сместен во хотелот веќе 2-3 дена, бил под дејство на наркотици и алкохол, што предизвикало дополнителна загриженост.
Во повикот на прашањето на што се должи загриженоста, рецепционерот објаснил дека главната опасност ја гледа во фактот што собата каде што престојувал Лијам, била на 3-от кат и имала балкон.