Зачинети печени компири со путер
Состојки:
1 кг компири
100 гр путер
1 лажичка сув зачин
прстофат морска сол, може и обична
1 лажица сув магдонос
1 лажица пченкарно брашно
Зачините наведени погоре се основа, можете сами да ги комбинирате и треба да има многу и повеќе видови, ова се некои – бибер, гранули лук, куркума во прав, ѓумбир, мајчина душичка, рузмарин и други.
Приготвување: Измешајте ги сите суви зачини и брашното и растопете го путерот. Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња. Да не бидат само преголеми. Ставете ги компирите во помала тава, приближно 33 x 23 см. Додадете стопен путер и чаша вода во зачините и измешајте сè.
Секаде рамномерно посипете ги компирите, валкајте ги во тој сок и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени. По околу 45 минути измешајте ги компирите и вратете ги на печење. За 10 минути извадете ги и послужете.