Рецепт: Рибина чорба

by Фокус

Рибина чорба

Состојки:
1 глава од риба-крап
2-3 кременадли од крап
2-3 моркови
1 пашканат
малку целер
1-2 чешниња лук
1 црвена сува пиперка
1-2 кафени лажички ориз
1 ловоров лист
1-2 супени лажици брашно за запршка
сол
мешан сув зеленчук
бибер

Приготвување: Деловите од риба се ставаат да зовријат. Потоа во нив се додаваат сечканите моркови, пашканатот, целерот, лукот, црвената сува пиперка, ловоровиот лист и сол. Се додава вода. Сето тоа убаво се вари.

Кога ќе се свари, низ цедалка во друго тенџере се цеди водата, па се пасира низ цедалката зеленчукот и се додава во исцедената вода. Месото убаво се чисти од коските и се ситни. Се додава во течноста и се враќа на оган, па тогаш се додава оризот и се вари додека не омекне.

Се прави запршка од 1-2 супени лажици брашно, пропржено на малку масло додека убаво не порумени и се запржува чорбата. Се зачинува со  сол, мешан сув зеленчук, бибер.

Поврзани новости