466
Провансалско пилешко со маслинки
8 парчиња пилешко со кожа и коски
1 лажица маслиново масло
3 чешниња лук
1,5 кг сос од домати
1/3 шолја суво бело вино
1/3 шолја маслинки без семки
неколку ливчиња босилек
сол и бибер
Приготвување:
Пилешкото зачинете го со сол и бибер. Во голема тава загрејте го маслиновото масло, додадете го пилешкото и пржете околу 5 минути од сите страни. Извадете ги и ставете ги во плех. Во тава со малку масло ставете го лукот, пропржете го, потоа додадете го сосот од домати и виното додека не провријат. Прелијте го пилешкото со сосот и додадете ги маслинките и босилекот, па ставете го во рерна на 200 Целзиусови степени и печете околу 35 минути.