Пилешко во чили сос
Состојки:
1 кг пилешко (крилца, батаци или обезкостени парчиња бело месо)
зачини (1 рамна лажица сув зачин, лажичка сол, половина лажичка бибер, половина лажичка лук во прав, лажичка кари половина лажичка куркума)
1 лажичка црвена, мелена пиперка
1 лажица палента
За сосот:
50 мл чили сос
50 мл кечап
50 мл сок од домати
1 лажичка чили во прав
60 гр путер + 65 гр путер
малку сол
Приготвување: Измешајте ги сите зачини и брашното, посипете врз пилешкото и убаво измешајте за смесата да помине насекаде. Во плех ставете хартија за печење и врз неа исечкајте 65 гр путер.
На путерот ставете парчиња пилешко и ставете ги во рерна да се печат. По 45 минути свртете и печете уште 30 минути или додека не пожолтат доволно по ваш вкус.
За сосот: Измешајте ги сите состојки, малку исечкајте го путерот. Ставете на оган да зоврие и варете една минута. Пробајте дали вкусот ви одговара – сооднос жешко, солено, слатко и кисело. Кога ќе се свари пилешкото, извадете го во подлабок сад и прелијте го со овој сос.