Рецепт: Крокети со печурки

by Фокус

Крокети со печурки

Состојки:
1 кромид
100 гр печурки
50 гр путер
90 гр брашно
250 мл полномасно млеко
200 мл концентрирана пилешка супа
2 јајца
300 гр лебни трошки
200 гр рендано сирење по избор
масло за пржење
сол и црн пипер

Подготовка: Кромидот и печурките ситно исечкајте ги на ситно. Во тавче растопете го путерот и додадете го кромидот. Додадете ги печурките и нежно пржете 5 минути. Додадете го брашното и мешајте додека смесата не добие златна боја.

Тргнете ја тавата од оган и постепено додавајте го млекото постојано мешајќи. Кога смесата ќе се изедначи, додадете ја супата и повторно ставете ја тавата на оган за да се згусне. Додадете го сирењето. Оставете ја смесата да се излади 2 часа.

Потоа обликувајте ги крокетите со раце. Крокетите набрашнете ги, потопете ги во јајцето, а потоа во лебните трошки. Ставете ги во плех и оладете ги во фрижидер 30 минути. Загрејте го маслото на 180 ºC и пржете ги крокетите 3 минути додека не поруменат.

Поврзани новости