842
Компир полнет со јајце, печурки и тартуфи
Состојки за четворица:
300 г шампињони
4 големи компири од по 300 г
4 јајца
црн тартуф
мајчина душичка
путер
сол
бибер
Приготвување: Исчистете ги шампињоните и исечкајте ги на половина. Пржете ги во тава на путер да поруменат. Сварете ги и издлабете ги компирите и додека се сѐ уште топли, наполнете ги со белките од јајцата, па ставете ги во рерна да се печат на 180 Целзиусови степени, под надзор.
Кога ќе се собере белката, извадете ги компирите од рерна и додадете ги жолчките, ливчињата мајчина душичка и ливчињата од црн тартуф. Послужете веднаш со прилогот од пржените шампињони.