Рецепт: Колач од лимон

by Фокус

Колач од лимон

Состојки:
200 г путер
3 лимони
120 г шеќер
3 јајца
18-0 г брашно
1 ½ лажичка прашок за печиво
½ лажичка сол
6 лажици млеко
180 г шеќер во прав

Приготвување: Изрендајте ја кората на два лимона во некој поголем сад. Додајте ги путерот и шеќерот и мешајте со миксер додека не постане смесата целосно кремаста. Додадете 3 јајца, едно по едно, и миксајте уште две минути.

Во друг сад измешајте го брашното, шеќерот и прашокот за печиво. Потоа половина од сувата смеса полека додавајте ја во кремот и миксирајте. Со непрекинато мешање, додавајте го и млекото и остатокот од сувата смеса. Немојте да претерувате со брзината на миксерот бидејќи лебот ќе биде премногу густ кога ќе се испече.

Печете го 35-40 минути на 170 Целзиусови степени.

За глазурата: Излупете ја кората од лимонот што остана. На страна исцедете два лимона (по потреба и повеќе) и додадете шеќер во прав. Додека мешате, пополека додавајте го сокот од лимонот. Ако сакате „полимонкаста“ глазура, додадете повеќе цеден лимон, но доволни се две лажици сок. Со глазурата додадете и парченца од кората. Кога лебот ќе се олади, додајте ја глазурата.

Сервирајте со кефир.

Поврзани новости