Рецепт: Киноа салата со туна

by Фокус

Киноа салата со туна

Состојки:
200 г варена киноа
1 шолја зрна пченка
5-6 шери домати
1 краставица
1 конзерва туна во маслиново масло
1 гранче магдонос
лимон
маслиново масло
сол и бибер
1 китка млад кромид

Приготвување: Ставете ја киноата во половина литар посолена вода што врие. Варете ја 20 минути, додека не омекне, а потоа процедете ја.

За тоа време исечкајте го магдоносот, шери доматите на половина, кромидот и краставицата на коцкички, додадете ја туната, пченката, киноата и на крајот зачинете со бибер и сол, додадете лимонов сок и маслиново масло. Сè промешајте и сервирајте.

Поврзани новости