Кифлички со еурокрем
Состојки:
250 мл млако млеко
3 лажички шеќер
1 коцка свеж квасец
500 грама брашно
100 мл масло
1 кафена лажичка сол
1 жолчка од јајце
Полнење: еурокрем (по желба можете да ставите мелени ореви, сирење, џем…).
Премачкување: 1 жолчка од јајце, малку млеко.
Приготвување:
Свежиот квасец се рони во млако млеко, се додава шеќерот и сѐ се меша. Во садот се додава малку од брашното и се прави вдлабнатина. Продолжувате со додавање на подготвениот квасец, масло, сол, жолчка и сето тоа се соединува. Постепено додавајте го остатокот од брашното и месете со раце. Од тестото се прави ролат и се дели на три еднакви дела. Од секое парче се прави по една топка. Веднаш почнете да го тркалате тестото. Растегнете го во круг. Поделете го на осум дела. Нанесете еурокрем на средината на поширокиот дел од тестото. Свиткајте ги краевите на поширокиот дел. На овој начин филот нема да протече. Постапката повторете ја со преостанатите топчиња. Наредете ги на хартија за печење. Распоредете ги убаво. Покријте ги со крпа и оставете да отстојат околу 45 минути. Со виљушка направете ја жолчката, додадете малку млеко и премачкајте ја секоја кифличка. Ставете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Испечените кифлички оставете ги да се изладат. Посипете ги со шеќер во прав и послужете.