Чоколадна торта со бадеми
Состојки:
За тестото:
100 г чоколадо за готвење
100 г путер
130 г бел шеќер
3 јајца
50 г мелени бадеми
100 г брашно
За кремот:
250 г чоколадо за готвење
300 мл слатка хопла
100 г џем од малини или од шумско овошје
Приготвување:
Рерната загрејте ја на 180 Целзиусови степени. Чоколадото искршете го на коцки, па растопете го на пареа. Белките раздвојте ги од жолчките.
Путерот, на собна температура, пенесто измиксирајте го со шеќерот.
Измешајте го растопеното чоколадо со жолчките, а потоа мелените бадеми и чоколадото.
Од белките изматете цврст шлаг, па внимателно измешајте со смесата, убаво да се спојат.
Со лажица ставете ја смесата во калапот за торта со размер од 24 см, израмнете ја површината и печете 40 минути. Оставете да се олади, а потоа исечете хоризонтално.
За кремот, на пареа стопете ги чоколадото и хоплата. Мешајте додека не стане мазно.
Оставете да се олади (при што ќе стане погуста), а за тоа време промешајте.
Долниот дел од тортата премачкајте го со џем од малини или од шумско овошје, а потоа и со половина од чоколадниот крем.
Поклопете го горниот дел од тортата, па целата премачкајте ја со остатокот од кремот. Ставете ја во ладилник, а потоа послужете.