Брзи коцки со кокос
Состојки за бисквитот:
3 јајца
180 г шеќер во прав –
180 г остро брашно –
2 лажички прашок за печиво –
100 мл кокосово млеко
Состојки за кремот:
150 г маскарпоне (или крем сир)
200 мл слатка павлака
100 г шеќер во прав
50 г кокос
Приготвување: Одделете ги жолчките од белките. Измешајте го брашното со прашокот за печиво. Загрејте го кокосовото млеко, мора да биде млако или на собна температура. Правоаголното тавче лесно премачкајте го со масло, путер и посипете со малку остро брашно.
Во сад за матење се ставаат белките. Малку се мешаат додека не се добие бела смеса и потоа малку по малку се додава шеќерот и се меша околу 5 минути, додека шлагот не стане многу цврст, густ и сјаен. Потоа во смесата додајте ги жолчките една по една и по секоја убаво измешајте. Сега земете шпатула и рачно завршете го остатокот од подготовката. Во смесата истурете половина од брашното, нежно измешајте, па додадете половина од кокосовото млеко и повторно измешајте. Постапката повторете ја со другата половина од брашното и млекото.
Смесата се истура во подготвениот плех и се става во рерна загреана на 180 Целзиусови степени. Печете околу 25-30 минути. Колачот е готов кога одозгора убаво ќе порумени и кога рабовите ќе се одвојат од калапот. Оставете го колачот да се излади.
Изматете ја слатката павлака со шлагот. Убаво измешајте го маскарпонето со шеќерот, па со рака измешајте го шлагот. На крај додадете го кокосот, соединете го со остатокот од смесата, изладениот колач прелијте го со кремот и израмнете. На крај, целата торта посипете ја со уште малку кокос одозгора.