Рецепт: Бомбички

by Фокус

Бомбички

Состојки:
250 г путер
300 г мелена плазма
200 г шеќер во прав
1 јајце
2 лажици екстракт од рум
5 лажички какао

Приготвување:

Путерот се меша со шеќерот, потоа се додаваат јајцето, екстрактот од рум и какаото. На крајот се додава и мелената плазма. Може да се додадат и малку мелени ореви. Сево ова добро се замесува и се зема со лажичка, се прават топчиња со големина на орев, се валкаат во мелени ореви или во кокос.

Поврзани новости