506
Полицијата вчера уапсила жител на Ресен кој нападнал вработен во одделението за урбанизам на Општина Ресен, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Вчера во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода И.М.(63) од Ресен затоа што во зградата на општина Ресен физички нападнал вработен во Одделението за урбанизам во општина Ресен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.