Државјанин на Србија дошол до Ресен за да купи јаболка, но бил измамен од ресенчанец кој го оставил покус за 2.000 евра.
Според полицијата, 40-годишниот В.Ш. од Лесковац, пристигнал во Ресен заедно со неговиот син. Тие подоцна пријавиле дека во магацин на ресеначенцот У.А. во селото Царев Двор гледале јаболка за откуп, по што отишле во канцеларијата на У.А.
„Таму У.А. им побарал 2000 евра за да им спакува 20 тони јаболка за наредниот ден. Кога пријавителот забележал дека лицето не му понудило писмен договор, а немало ниту печат, туку се потпишал на обичен бел лист хартија, му рекол да му ги врати парите. У.А. му ветил дека ќе му ги врати на друга локација, но не се појавил. Тогаш В.Ш. сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во полициска станица“, велат од полицијата.
В.Ш. го пријавил ресенчанецот за кривично дело измима. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.