РЕС истргува најголема количина електрична енергија на првиот ден на македонската Берза за струја

by fokus

Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply),  вчера, на првиот ден од работењето на македонската берза за електрична енергија, истргува најголемо количество енергија од сите снабдувачи, односно 31 мегават часови, или 12% од вкупното количество од 256 мегават часови, истргувани од страна на 20 компании кои вчера учествуваа на берзата.

Од РЕС потенцираат дека ќе даваат континуирана поддршка за стабилизирање на домашната берза и за формирање на стабилни цени на електрична енергија кај нас, кои ќе му овозможат на стопанството подолгорочно планирање и ќе се избегнат ценовни шокови.

РЕС во моментот снабдува со електрична енергија над 300 компании и државни субјекти, кои имаат годишна потрошувачка од над 450 гигават часа.

ПР текст

Поврзани новости