456
Лап-топ компјутер и куќиште за монитор биле украдени од канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода. Од полицијата соопштуваат дека кражбата е извршена во периодот од 24 до 25.07.2018 година, а била пријавена во полиција во средата.
„Пријавено е дека на улицата “Петар Дељан“ во општина Кисела Вода во канцеларија во барака на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба. Непознат сторител одзел лап-топ компјутер и куќиште со монитор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.