Не стивнува огнената стихија во Требовље, Македонски брод, и покрај тоа што надлежните веќе неколку пати информираа дека пожарот е под контрола.
Екипи на противпожарните служби и мештаните веќе неколку дена се борат со огнените јазици. Вклучена беше и Армијата на Република Македонија во копање ров помеѓу шумата и селото, но пожарот се уште се шири.
Граѓани апелираат за помош преку социјалните мрежи. Според нив пламените јазици на некои места достигнуваат и до 80 метри височина.
„Писта правевте, вежбавте со Американците, немате машинерија, нели? Соберете ги сите булдужери што беа на Криволак и дојдете во Требовље да го гасиме пожарот! Среќен празник (Републиката е во пламен)“, порачува Живко Марковски кој синоќа по полноќ ги објави овие фотографии на својот фејсбук профил.