Републикански пратеник бараше да се објават доверливи документи за руското нуклеарно оружје, Белата куќа со реакција

by Fokus

Комитетот предводен од републиканскиот пратеник Мајкл Р. Тарнер јавно побара објавување на доверливите информации поврзани со новото руско нуклеарно оружје. Американските власти подоцна објавија дека се работи за информации поврзани со вселенско оружје кое „може да ги уништи американските сателитски системи кои се од клучно значење за одбраната и цивилната инфраструктура“, пишува Њујорк Тајмс.

„Требаше да ја добијат оваа информација“, рече Тарнер. „Ми се чини дека администрацијата месечари кон меѓународна криза. Но, сега тие ќе мора да направат нешто“, додаде тој.

Белата куќа одржа брифинг за Конгресот каде ги увери претставниците дека рускиот вселенски систем во моментов не претставува закана за ничија безбедност. Тие одбија да ги претстават документите во јавноста.

Тарнер продолжи да ја брани својата позиција и рече дека постапил според правилата на неговиот одбор.

Администрацијата на Бајден и републиканците во Конгресот со недели преговараат за пакет помош од 60 милијарди долари за Украина. По презентацијата во Белата куќа минатата недела, републиканците се согласија со ставот на Бајден за Русија. Тарнер рече дека по брифингот добиле впечаток дека управата сериозно го сфаќа овој проблем и дека имаат план.

Поврзани новости