Репортери на Си-ен-ен пристигнаа во Бањско Поле за да известуваат за малата Данка

by Fokus

Во Бањско Поле пристигнаа и репортери од Си-Ен-Ен за да известуваат за исчезнатото двегодишно девојче, Данка Илиќ. Како што пренесуваат српските медиуми, на местото каде исчезнало детето пристигнала екипа на Си-Ен-Ен од Романија.

„Слушнавме за видео од Виена на кое се гледа девојче кое личи на Данка. Очигледно, на тоа видео има две Романки. Тоа не поттикна да дојдеме до местото на исчезнувањето и да дознаеме повеќе за случајот“, велат новинарите на Си-Ен-Ен за Телеграф.

Неколку германски, австриски и шведски весници објавија дека двегодишно девојче мистериозно исчезнало во Србија.

Поврзани новости