Компанијата„Реплек фарм“ го прослави своето дведецниско постоење и својата, исто толку долга, соработка со Австрија. По тој повод, австрискиот амбасадор д-р Георг Вуцас ги посети производствени капацитети на компанијата.
Амбасадорот Вуцас, потенцираше дека на политички план заложбите на неговаат земја се Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ што е можно побрзо, а на економски план, особено сега во време на пандемија, да се направи нов европски почеток. Притоа, Вуцас потенцираше дека е многу значјана соработката со „Реплек“ затоа што тоа е компанија која овозможува превентива и подобро здравје на населението.
Австрискиот амбасадор Вуцас заедно со новиот генерален директор на „Реплек“ Душан Поцовски најавија и нови можности за соработка., оценувајќи дека „Реплек“ може да стане мост меѓу компаниите од Австрија и Северна Македонија во врска со пламанот на производите од двете земји.
– За ваквата соработка постои голем интерес од двете страни, а веќе се започнати и преговори. Планираме капитални инвестиции во нашите капацитети кои ќе вклучат австриски компании, ресурси и ноу-хау, пласман на нашите производи во Австрија, како и пласирање на австриски производи на македонскиот пазар.
За оваа соработка да биде уште посилна и постабилна, секако е потребна и добредојдена поддршката на австриската амбасада како и на стопанските комори на двете земји. Продолжуваме да растеме, се модернизираме и посветено работиме на остварување на нашата цел- изјавија од „Реплек“ на денешната свеченост.