Професорката Рената Дескоска излезе со свој став за извештајот на ЕУ за напредокот на Северна Македонија.
#Извештајот на ЕУ за напредокот на секоја земја кандидат за членство е “сведителство” со оценки за институциите. Делот на извештајот за #судство во најголем дел е оценка за работата на Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година. А таа оценка, никој немаме дилеми дека е објективна. Taa најреално зборува за нашите успеси и неуспеси, а не како ние се гледаме во огледало или како нашите претходници, следбеници или политички конкуренти не гледаат или оценуваат нас.
Јас искрено посакувам секој нареден извештај да е подобар од претходниот, или барем да покажува дека има одреден напредок, дека нема застој во реформите, дека одиме напред.
За жал, тоа не е случај во делот на судството.
Ако ги споредиме извештаите од 2019 година до денес можеме да ги прочитаме следните оценки за реформите во судството:
2019 година – добар напредок
2020 година – добар напредок
2021 година – одреден напредок
2022 година – одреден напредок
2023 година – нема напредок.
Ова треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и Судскиот совет за преиспитување на својата улога во надминување на состојбите. И барањето на решенијата не треба да биде во стилот на “префрлање на топката на одговорност”. Таа веќе падна пред нив и направи толкав кратер во кој може да се излизга целата земја.
Извештајот на ЕУ за (не)напредокот Ви ја покажа вистинската, грдата “слика на Доријан Греј”. Не вртете го погледот од неа, со тоа таа нема да исчезне.
Наместо тоа, наместо префрлање на одговорност и негирање на реалноста, оставете ги суетите на страна, бидете свесни дека во оваа област “битката за ситни политички поени” собрани преку јавни препукувања и надмудрувања може да биде фатална (како што и веќе се покажува дека е) и соберете ги сите интелектуални капацитети за да се најде излез од оваа ситуација. Граѓаните го очекуваат тоа!